Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого. Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил? Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас! Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето. Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни.
Прочитај 1 Коринтјаните 4
Слушај 1 Коринтјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 4:6-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа