Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 3

3
Божјите служители
1Јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, туку како на те­лесни, како на деца во Христос. 2#Евр 5,12-14; 1 Птр 2,2Со млеко ве напоив, а не со јадење, зашто уште не можевте да го примите, а и сега уште не можете, 3#1,10-11; Јк 3,14бидејќи уште сте телесни. И навис­тина, штом меѓу вас има завист, кавга и неслога, не сте ли телесни и не живеете ли како обични луѓе? 4Зашто, кога еден вели: „Јас сум Пав­лов“, а друг: „Јас сум Аполосов“, не сте ли тогаш телесни? 5#4,1; 2 Кор 4,5Што е, впрочем, Павле, а што Апо­лос? Не се ли тие служители преку кои вие поверувавте, и тоа според она колку кому Господ му дал? 6Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне. 7Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту, пак, оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне. 8Кој сади и кој полева се едно; а секој ќе ја добие својата награда според својот труд. 9Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание. 10#Ефес 2,20; Евр 6,1-2Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува. 11Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос. 12#Откр 21,18-19Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама, 13#4,5; Мал 3,19; 2 Сол 1,8сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого. 14И, ако делото на оној што ѕидал ос­тане, тој ќе прими награда. 15А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган. 16#6,19; Рим 8,9; 2 Кор 6,16; Ефес 2,22Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас? 17Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие. 18#1,20-25; 2,6; 4,10Никој нека не се лаже; ако некој мисли дека е мудар меѓу вас во овој свет, нека стане безумен, за да биде му­дар. 19#Јов 5,13Зашто мудроста од овој свет е без­умство пред Бога, како што е на­пи­ша­но: „Тој ги лови мудрите во нивното лукавство.“ 20#Пс 94,11И пак: „Господ знае дека размисли­те на мудрите се суетни.“ 21И така, никој нека не се фали со лу­ѓе, бидејќи сѐ е ваше: 22било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, – сѐ е ваше, 23вие, пак, сте Христови, а Христос – Божји.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се