1 Коринтјаните 16
16
Милостиви дарови за помош на браќата во Ерусалим
1А што се однесува до собирањето милостина за светиите, правете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија; 2#Мт 28,1; Дела 20,7во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам. 3А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Ерусалим. 4#2 Кор 8,20-21Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.
Плановите на Павле
5 #
Дела 19,21
Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам. 6А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам. 7Зашто не сакам сега веќе да ве видам само патем; а се надевам, ако допушти Господ, меѓу вас да поминам некое време. 8А во Ефес ќе останам до Педесетница, 9#Дела 14,27; Кол 4,3зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу. 10Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас. 11#1 Тим 4,12Никој да не го презира, туку испратете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата. 12А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше сега да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде погодно.
Последни препораки и поздрави
13 #
15,58; Пс 31,24; Мк 13,37; Рим 11,20; Гал 5,1; Ефес 6,10; Фил 1,27; 2 Сол 2,15 Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки. 14Секое ваше дело нека биде во љубов. 15#1,16; Рим 16,5Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите. 16Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди! 17Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство, 18зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите! 19#Рим 16,3; 16,5Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прискила со својата домашна црква. 20#Рим 16,16; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет целив! 21#Гал 6,11; Кол 4,18; 2 Сол 3,17; Фил 1,19Ве поздравувам јас, Павле, своерачно. 22А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран-ата. 23Благодатта на Господ Исус нека биде со вас, 24и љубовта моја со сите вас во Христос Исус.
Селектирано:
1 Коринтјаните 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006