Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните; друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува. Така е и со воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно. Па така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух. Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните; и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
Прочитај 1 Коринтјаните 15
Слушај 1 Коринтјаните 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 15:35-49
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа