Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:20-34

1 Коринтјаните 15:20-34 MK2006

Но, ете, Христос воскресна од мрт­вите, и со тоа стана првина за упокоените. Бидејќи смртта дојде преку чо­ве­кот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат ожи­ве­ани; но секој по свој ред: Христос е пр­виот плод; потоа, при Неговото доа­ѓа­ње, ќе воскреснат сите што се Хрис­тови. А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила. Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“ А како последен непријател ќе биде уништена смртта, зашто „сите ги покори под нозете Негови“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему покорено“, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини сѐ. Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ. Инаку, што ќе направат оние, кои се крштаваат за мртвите? Ако мртвите не воскреснуваат, зошто тие тогаш се крштаваат за нив? Зошто, пак, и ние секој час се под­ложуваме на опасност? Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша, која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ. Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да ја­деме и да пиеме, бидејќи утре ќе ум­ре­ме!“ Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!“ Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не зна­ат за Бога – за ваш срам го велам ова.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Коринтјаните 15:20-34