Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:20-28

1 Коринтјаните 15:20-28 MK2006

Но, ете, Христос воскресна од мрт­вите, и со тоа стана првина за упокоените. Бидејќи смртта дојде преку чо­ве­кот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат ожи­ве­ани; но секој по свој ред: Христос е пр­виот плод; потоа, при Неговото доа­ѓа­ње, ќе воскреснат сите што се Хрис­тови. А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила. Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“ А како последен непријател ќе биде уништена смртта, зашто „сите ги покори под нозете Негови“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему покорено“, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини сѐ. Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Коринтјаните 15:20-28