Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 13

13
За љубовта
1 # Пс 150,5 Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. 2#12,8.9; Мт 7,22; 17,20; Кол 2,3Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум. 3#Дан 3,19-20; Мт 18,22И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми ко­рис­ти. 4#4,6; 8,1; Ефес 4,2; 1 Сол 5,15Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива, 5#10,24.33; Зах 8,17; Рим 13,10; Фил 2,4не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло, 6#2 Кор 13,8не се радува на неправда, туку се ра­дува на вистина, 7#9,12сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се на­дева, сѐ поднесува. 8Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне. 9Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме; 10а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. 11Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското. 12#8,3; 4 Мојс 12,8; Јн 10,14; 2 Кор 5,7; Гал 4,8.9; 2 Тим 2,19; Јк 1,23Сега гледаме како низ огледало, не­јасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен. 13#Кол 1,4-5; 1 Сол 1,3; 5,8; Евр 10,22-24А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се