Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 10:23-33

1 Коринтјаните 10:23-33 MK2006

„Сѐ е допуштено!“ Но не е сѐ по­лез­но: „Сѐ е допуштено!“ Но сѐ не се на­градува. Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот. Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста; зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“ Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста. Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја ис­полнува.“ Но не зборувам за совеста твоја, ту­ку на друг; зошто мојата слобода да би­де судена од туѓа совест? Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен по­ради тоа, за кое благодарам? И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја. Не станувајте соблазна ни за Ју­деј­ците, ни за Елините, ниту за црквата Божја, како што и јас им угодувам на сите во сѐ и не ја барам својата полза, туку ползата на мнозина, за да бидат спа­се­ни.