Браќа, не сакам да не знаете дека татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето, и сите во Мојсеј се крстија во облакот и во морето; и сите јадеа иста духовна храна; и сите пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше; а таа карпа беше Христос. Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, затоа загинаа во пустината. А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи. Не бидете ниту идолослужители, како некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра.“ И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади. И да не Го искушуваме Христос, како што некои од нив Го искушуваа, и загинаа од змии. Не мрморете, како што некои од нив замрмореа, па загинаа од Истребителот. Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите. Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне. Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да издржите.
Прочитај 1 Коринтјаните 10
Слушај 1 Коринтјаните 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 10:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа