А синовите Нефталимови беа: Јахациел, Гуни, Јецер и Селум беа деца од Билха.
Синови Манасиеви: Азриил, кого го роди прилежницата негова, Арамејка; таа го роди уште Махир, Галаадов татко. Махир ја зеде за жена сестрата на Хупим и Шупим, – сестрата нивна се викаше Мааха; вториот син на Манасија се викаше Салпаад. Салпаад имаше само ќерки. Мааха, жената Махирова, роди син и го нарече Переш, а брат му се викаше Шереш. Негови синови: Улам и Рекем. Уламов син: Бедан. Тоа беа синови на Галаад, син на Махир, син Манасиев. Сестра му Молехета ги роди Ишход, Авиезер и Махла. Шемидови синови беа: Ахјан, Сихем, Ликхи и Анијам.
Ефремови синови: Шутел; и Беред, негов син, Тахат, негов син, Елада, негов син, Тахат, негов син, Завад, негов син, Шутел, негов син, Езер и Елад. Нив ги убија жителите гатски, родени во таа земја, затоа што беа отишле да ги заграбат стадата нивни. И татко им Ефрем плачеше по нив многу денови, а браќата негови доаѓаа да го утешуваат. Потоа тој влезе при жена си; таа зачна и роди син, и тој го нарече со името Берија, затоа што зло го снајде домот негов. Тој имаше и ќерка Шеера. Таа го изгради Долни и Горни Веторон и Узен-Шеера. Негов син беше Рефах; негови синови Решеф и Телах; Тахан, негов син, Ладан, негов син, Амихуд, негов син, Елишама, негов син, Нун, негов син, и Исус, негов син. Имотот нивни и живеалиштата нивни беа: Ветил и селата негови: кон исток Нааран, кон запад Гезер и селата нивни; Сихем и нему потчинетите градови сѐ до Газа со селата нејзини, Во рацете на синовите Манасиеви: Бет-Шан и селата негови, Танах со селата негови, Мегидо со селата негови, Дор и неговите села. Во нив живееја синовите на Јосиф, Израелов син.
Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишви, Берија и сестра им Зара. Синови Бериеви: Хевер и Мелхиил. Тој е татко Бирзаитов. Хевер ги роди Јафлет, Шомер, Хотам и сестра им Шуа. Синови Јафлетови: Пасах, Бимхал и Ашват. Тоа беа синови Јафлетови. Синови Шомерови: Ахи, Рохга, Хуба и Арам. Синови на Хелем, негов брат: Цофах, Јимна, Шелеш и Амал. Синови Цофахови: Суах, Харнефер, Шуал, Бери и Јимра, Бецер, Ход, Шама, Шилша, Јитран и Бера. Синови Јетерови: Јефуне, Писпа и Ара. Синови на Ула: Арах, Ханиил и Риција. Сите тие беа потомци Асирови, началници на домовите, одбрани силни и храбри мажи, началници на началниците. Запишани беа во нивните родословни списоци, за војна, на број дваесет и шест илјади души.