Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 28:1-7

1 Летописи 28:1-7 MK2006

Давид ги собра во Ерусалим сите израелски кнезови, начал­ници на племињата, началници на од­делите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и надзорниците над сите имоти и стада на царот, и на неговите синови, дворјаните, јунаците и сите храбри воини. И стана цар Давид на нозе, па рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на ковчегот на заветот Госпо­дов, за подножјето на нозете на нашиот Бог, и го подготвив потребното за градење. Но Бог ми рече: ‚Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.‘ Меѓутоа, Господ, Бог Израелов, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израел; зашто Тој го избра Јуда за водач, а од домот на Јуда – домот на татко ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израел; а од сите мои синови, – зашто Господ ми даде многу синови, – Тој го избра синот мој Соломон да седи врз прес­толот на Господовото царство над Израел, и ми рече: ‚Синот твој Соломон ќе го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум си го избрал за син, и ќе му бидам татко; и ќе го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.‘