Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 21

21
Раѓањето на Исак
1 # 17,15-21; 18,9-15 И Господ милостиво погледна на Сара, како што беше рекол, и постапи Господ со Сара според зборо­вите Свои. 2Сара зачна и му роди на Авраам син во староста негова, во времето што Гос­под му го беше објавил. 3И Авраам го нарече синот што му се роди, што му го роди Сара, со името Исак. 4#Дела 7,8И го обреза Авраам синот свој Исак во осмиот ден, како што му беше запо­ведал Господ. 5Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак. 6Сара, пак, рече: „Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее.“ 7И рече: „Кој би рекол дека Сара на Авраам ќе му дои деца? Зашто му ро­див син во староста негова.“
Авраам ги истерува Агара и Исмаил
8 # Гал 4,22-31 Детето порасна и беше одбиено од цицање. А Авраам приреди голема гоз­ба во оној ден кога го одбија Исак, (синот негов). 9Виде Сара дека синот на Агара Египќанката, што му го роди таа на Авраам, се потсмева (на нејзиниот син Исак), 10#Јн 8,33-35па му рече на Авраам: „Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исак!“ 11А тоа на Авраам му причини голема мака, поради синот негов. 12#Рим 9,7; Евр 11,18Но Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сѐ што ќе ти рече Сара, послушај го гласот нејзин, зашто по Исак ќе про­излезе потомството твое. 13А и од синот на робинката ќе издигнам (голем) народ, зашто тој е семе твое.“ 14И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустината кај Вирсавија. 15#3 Цар 19,3-4А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под една грмушка, 16а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: „Не можам да ја гледам смртта на моето дете!“ И седејќи спроти него, почна гласно да плаче. 17#16,7-8Но Бог го чу гласот на детето и ан­гел Божји ѝ викна на Агара од небото и ѝ рече: „Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејќи Бог го чу гласот на детето оттаму, каде што е. 18#17,20Стани, крени го детето и фати го за рака; зашто од него ќе направам голем народ.“ 19И Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор со (жива) вода; и отиде, па го на­полни мевот со вода, и го напои детето. 20А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустината, и стана стре­лец со лак. 21Тоа живееше во пустината Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата египетска.
Авраам склучува сојуз со Авимелех
22 # 26,26-33 Во тоа време Авимелех, во при­дружба на (неговиот сват Охозат и на) Пихол, војводата негов, му рече на Ав­раам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш. 23#Евр 11,9А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на синот мој, ниту на внукот мој; туку дека ќе постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што постапував јас со тебе.“ 24И рече Авраам: „Се заколнувам!“ 25Тогаш Авраам го прекори Авиме­лех за изворот што го беа присвоиле слугите Авимелехови. 26А Авимелех му рече: „Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.“ 27#31,44-45А Авраам зеде ситен и крупен до­биток, и му ги подари на Авимелех, и тие двајцата склопија сојуз. 28Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото. 29А Авимелех му рече на Авраам: „Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?“ 30Авраам, пак, одговори: „Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ис­копал оној кладенец.“ 31#26,33Затоа она место се нарече Вир­савија, бидејќи тука се заколнаа обајцата. 32Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех (и неговиот сват Охозат) и Пихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата филистејска. 33#4,26; Ис 40,28И (Авраам) насади шумичка во Вирсавија, и таму го призва името на Господ, Вечниот Бог. 34Авраам живееше во земјата филистејска како придојден долго време.

Селектирано:

Битие 21: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се