1
Јаков 1:2-3
Нов превод на Новиот Завет 2023
MAK2023
Браќа мои, сметајте дека е голема радост кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера поттикнува истрајност
Спореди
Истражи Јаков 1:2-3
2
Јаков 1:5
Ако, пак, некому од вас му недостига мудрост, нека ја бара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде.
Истражи Јаков 1:5
3
Јаков 1:19
И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а бавен за зборување и бавен за гнев
Истражи Јаков 1:19
4
Јаков 1:4
а вашата истрајност нека се покаже совршена за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
Истражи Јаков 1:4
5
Јаков 1:22
Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се себеси.
Истражи Јаков 1:22
6
Јаков 1:12
Блажен е оној човек кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе го добие венецот на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го љубат.
Истражи Јаков 1:12
7
Јаков 1:17
Секое дадено добро и секој совршен дар е одозгора, слегува од Отецот на светлините, во Кого нема промена ниту сенка од измена.
Истражи Јаков 1:17
8
Јаков 1:23-24
Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето лице во огледало; ќе се погледне, па ќе си замине и веднаш заборава каков бил.
Истражи Јаков 1:23-24
9
Јаков 1:27
Чиста и непорочна побожност пред Бога и Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се запазиш неосквернет од светот.
Истражи Јаков 1:27
10
Јаков 1:13-14
Никој, кога е искушуван да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог не може да биде искушуван од злото, и Тој никого не искушува, но секој е искушуван од сопствената похота која го влече и мами.
Истражи Јаков 1:13-14
11
Јаков 1:9
Братот кој е на скромна положба нека се фали со својата возвишеност
Истражи Јаков 1:9
Дома
Библија
Планови
Видеа