А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи своите раце на него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“ И одеднаш како лушпи да паднаа од неговите очи, и тој прогледа и, кога стана, се крсти.