Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ,
колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила
со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.
Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.