1
1 Коринтјаните 13:4-5
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло.
Спореди
Истражи 1 Коринтјаните 13:4-5
2
1 Коринтјаните 13:7
Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш.
Истражи 1 Коринтјаните 13:7
3
1 Коринтјаните 13:6
Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината.
Истражи 1 Коринтјаните 13:6
4
1 Коринтјаните 13:13
Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.
Истражи 1 Коринтјаните 13:13
5
1 Коринтјаните 13:8
Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.
Истражи 1 Коринтјаните 13:8
6
1 Коринтјаните 13:1
И да умеам да зборувам на сите можни јазици, човечки и ангелски, а немам љубов, јас би бил како гонг што одѕвонува, како цимбал што ѕвечи.
Истражи 1 Коринтјаните 13:1
7
1 Коринтјаните 13:2
И да имам дарба да пророкувам, да ги знам сите тајни, да го имам собрано целото знаење, да имам вера што може планини да преместува, а немам љубов - не вредам ништо!
Истражи 1 Коринтјаните 13:2
8
1 Коринтјаните 13:3
И да раздадам на сиромаси се што имам, па и сопственото тело да си го жртвувам, а немам љубов - ништо не сум постигнал!
Истражи 1 Коринтјаните 13:3
9
1 Коринтјаните 13:11
Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете. Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете.
Истражи 1 Коринтјаните 13:11
Дома
Библија
Планови
Видеа