1
БРОЕВИ 13:30
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Халев го замолчи народот околу Мојсеја и проговори: „Да тргнеме не двоумејќи се и да ја заземеме, зашто можеме да ја покориме!“
Спореди
Истражи БРОЕВИ 13:30
2
БРОЕВИ 13:33
Видовме и дивови таму - Енаковото потомство од дивови. Ни се чинеше дека сме како скакулци спрема нив.“
Истражи БРОЕВИ 13:33
3
БРОЕВИ 13:31
Но луѓето кои одеа со него одговорија: „Не можеме да одиме против оној народ, зашто е посилен од нас.“
Истражи БРОЕВИ 13:31
4
БРОЕВИ 13:32
И почнаа да ја прикажуваат лошо, пред Израелците, земјата што ја согледуваа: „Земјата низ која поминавме за да ја извидиме е земја што ги голта своите жители. Сиот народ што го видовме во неа се луѓе со крупен раст.
Истражи БРОЕВИ 13:32
5
БРОЕВИ 13:27
И тие го известија: „Отидовме во земјата во која што нѐ испрати. Навистина низ неа течат мед и млеко. Еве ги нејзините плодови.
Истражи БРОЕВИ 13:27
6
БРОЕВИ 13:28
Но силен е народот што живее во земјата, градовите се утврдени и многу се големи. А видовме таму и Енакови потомци.
Истражи БРОЕВИ 13:28
7
БРОЕВИ 13:29
Амаликците живеат во Негевскиот крај; Хетејците, Евусејците и Аморејците живеат на планината, а Ханаанците се наоѓаат покрај морето и вдолж на Јордан.“
Истражи БРОЕВИ 13:29
8
БРОЕВИ 13:26
Отидоа при Мојсеја и Арона и при целото Израелско општество во Кадис, во Фаранската Пустина. Им поднесоа извештај ним и на целата заедница, а тогаш им ги покажаа плодовите на земјата.
Истражи БРОЕВИ 13:26
Дома
Библија
Планови
Видеа