1
ЛУКА 6:38
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.“
Спореди
Истражи ЛУКА 6:38
2
ЛУКА 6:45
Добриот човек, од доброто сокровиште на своето срце, изнесува добро; а лошиот човек, од лошото сокровиште изнесува зло, зашто неговата уста зборува од она, што го преполнува неговото срце.
Истражи ЛУКА 6:45
3
ЛУКА 6:35
Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сѐвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите.
Истражи ЛУКА 6:35
4
ЛУКА 6:36
Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив.
Истражи ЛУКА 6:36
5
ЛУКА 6:37
И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено!
Истражи ЛУКА 6:37
6
ЛУКА 6:27-28
Но, на вас - кои слушате - ви велам: „Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат. Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат.
Истражи ЛУКА 6:27-28
7
ЛУКА 6:31
И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.
Истражи ЛУКА 6:31
8
ЛУКА 6:29-30
На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата. Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
Истражи ЛУКА 6:29-30
9
ЛУКА 6:43
Нема добро дрво што дава гнил плод; ниту гнило дрво што дава добар плод.
Истражи ЛУКА 6:43
10
ЛУКА 6:44
Зашто секое дрво се познава по својот род. Не се берат смокви од трње, ниту грозје од капина.
Истражи ЛУКА 6:44
Дома
Библија
Планови
Видеа