1
ИСАИЈА 1:18
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
„И сега дојдете, да бидеме прави, говори Господ. Ако ви бидат гревовите како црвено сукно, ќе бидат бели како снег; ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна.
Спореди
Истражи ИСАИЈА 1:18
2
ИСАИЈА 1:19
Ако сакате да Ме послушате, ќе уживате во земните плодови.
Истражи ИСАИЈА 1:19
3
ИСАИЈА 1:17
Учете се на добри дела: стремете се кон правдата, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.“
Истражи ИСАИЈА 1:17
4
ИСАИЈА 1:20
Ако истраете во бунтовството, ќе ве проголта меч.“ Така зборуваше Господовата уста.
Истражи ИСАИЈА 1:20
5
ИСАИЈА 1:16
измијте се, очистете се. Отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло!
Истражи ИСАИЈА 1:16
6
ИСАИЈА 1:15
Кога ги ширите рацете за молитва, Јас ги одвраќам очите од вас. Само ги множите молитвите, Јас не ве слушам. Рацете ви се натопени во крв
Истражи ИСАИЈА 1:15
7
ИСАИЈА 1:13
Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија.
Истражи ИСАИЈА 1:13
8
ИСАИЈА 1:3
Волот го познава својот сопственик, а оселот јаслите на господарот - Израел не познава, Мојот народ не разбира.“
Истражи ИСАИЈА 1:3
9
ИСАИЈА 1:14
Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам!
Истражи ИСАИЈА 1:14
Дома
Библија
Планови
Видеа