1
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:29
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.
Спореди
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:29
2
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:31
Па Господ, твојот Бог, е милосрден Бог; Тој нема да те остави ни да те погуби, ниту ќе го заборави Заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.“
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:31
3
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:24
Зашто, Господ, твојот Бог, е оган што проголтува; Тој е Бог Ревнител.
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:24
4
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:9
Затоа внимавај и чувај се добро да не ги заборавиш делата што ги виде со своите очи; нека не ти исчезнат од срцето ниту во еден ден на твојот живот; спротивно, поучи ги за нив твоите синови и синовите на твоите синови.
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:9
5
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:39
И така, денес сознај и засади во своето срце: Господ е Бог горе на небото и тука на земјата - друг нема.
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:39
6
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:7
Зашто, кој народ е толку голем за да му бидат боговите толку близу како што ни е Господ, нашиот Бог, нам, кога ќе го повикаме?
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:7
7
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:30
Сѐ тоа ќе те снајде во твојата неволја, ама во последното време ти ќе Му се обратиш на Господа, својот Бог, и ќе го послушаш Неговиот глас.
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:30
8
ВТОРОЗАКОНИЕ 4:2
Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.
Истражи ВТОРОЗАКОНИЕ 4:2
Дома
Библија
Планови
Видеа