1
1 ЦАРЕВИ 3:9
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Дај му на Својот слуга проницливо срце за да може да му суди на Твојот народ, да разликува добро од зло, зашто кој би можел да управува со Твојот народ кој е толку голем!“
Спореди
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:9
2
1 ЦАРЕВИ 3:12
еве ќе направам според твоите зборови: ти давам мудро и разумно срце, какво што немал никој пред тебе ниту ќе го има некој по тебе
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:12
3
1 ЦАРЕВИ 3:11
Затоа Господ му рече: „Зашто го бараше тоа, а не посака ни долг живот, ни богатство, ниту смрт за своите непријатели, туку проницливост во пресудувањето на правдата
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:11
4
1 ЦАРЕВИ 3:13
но ти давам и што не бараше: богатство и слава каква што нема никој меѓу царевите.
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:13
5
1 ЦАРЕВИ 3:14
И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.“
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:14
6
1 ЦАРЕВИ 3:5
Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон. Бог рече: „Барај што да ти дадам.“
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:5
7
1 ЦАРЕВИ 3:7
Сега, о Господи, ти го направи цар Својот слуга на местото на мојот татко Давид, а јас сум уште сосем млад, та уште не знам да владеам.
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:7
8
1 ЦАРЕВИ 3:10
На Господа Му беше мило дека Соломон молеше за тоа.
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:10
9
1 ЦАРЕВИ 3:6
Соломон одговори: „Многу наклонет беше кон Својот слуга Давид, мојот татко, зашто одеше пред Тебе во верност, справедливост и чесност на своето срце; и му ја запази таа голема милост и даде еден од неговите синови да седи на неговиот престол.
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:6
10
1 ЦАРЕВИ 3:8
Твојот слуга е сред народот што си го избрал; народ броен што не може ни да се изброи ни да се опфати со попис.
Истражи 1 ЦАРЕВИ 3:8
Дома
Библија
Планови
Видеа