Духот на Господа Бога е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам сокрушени по срце, да им приповедам на заробените и на затворениците – отворање на темницата,
да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат,
да им соопштам на оние што тагуваат на Сион, дека ним место пепел ќе се даде украсување, место плачење – елеј на радост, место опаднат дух – славна одежда; и ќе ги наречат силни со правда, градина на Господа за Негова слава