»Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино;
и го исполнив преку Духот Божји, Кој му даде умешност, како и знаење да разбира од секакви работи,
да гради, да изработува со злато, сребро и бакар; и сина и црвена и темноцрвена волна – ткаени изработки и висон ткаен;
да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби.