1
Изреки 11:25
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен.
Спореди
Истражи Изреки 11:25
2
Изреки 11:24
Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав.
Истражи Изреки 11:24
3
Изреки 11:2
Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените.
Истражи Изреки 11:2
4
Изреки 11:14
Каде што нема водство, народот пропаѓа, а при многу советници живее во благосостојба.
Истражи Изреки 11:14
5
Изреки 11:30
Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човечки души.
Истражи Изреки 11:30
6
Изреки 11:13
Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната.
Истражи Изреки 11:13
7
Изреки 11:17
Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое.
Истражи Изреки 11:17
8
Изреки 11:28
Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат.
Истражи Изреки 11:28
9
Изреки 11:4
Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт.
Истражи Изреки 11:4
10
Изреки 11:3
Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби.
Истражи Изреки 11:3
11
Изреки 11:22
Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум.
Истражи Изреки 11:22
12
Изреки 11:1
Неисправните мерила се одвратни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни.
Истражи Изреки 11:1
Дома
Библија
Планови
Видеа