1
Матеј 19:26
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
А Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“
Спореди
Истражи Матеј 19:26
2
Матеј 19:6
Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“
Истражи Матеј 19:6
3
Матеј 19:4-5
Тој им одговори и рече: „Не сте ли читале, дека Оној што ги создаде во почетокот, машко и женско ги создаде, и рече: ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.‘
Истражи Матеј 19:4-5
4
Матеј 19:14
Но Исус рече: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“
Истражи Матеј 19:14
5
Матеј 19:30
Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“
Истражи Матеј 19:30
6
Матеј 19:29
и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе добие стопати повеќе и ќе наследи живот вечен.
Истражи Матеј 19:29
7
Матеј 19:21
Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“
Истражи Матеј 19:21
8
Матеј 19:17
А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“
Истражи Матеј 19:17
9
Матеј 19:24
и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“
Истражи Матеј 19:24
10
Матеј 19:9
Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој врши прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, исто така прељубодејствува.“
Истражи Матеј 19:9
11
Матеј 19:23
А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, дека богат тешко ќе влезе во царството небесно
Истражи Матеј 19:23
Дома
Библија
Планови
Видеа