Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 5:5
Став
7 дена
Да се има соодветен став во секоја ситуација може да биде вистински предизвик. Овој седмодневен план ќе ви даде Библиска перспектива, со кратки стихови за читање секој ден. Читајте ги стиховите, поминете време чесно да се погледнете себеси, и дозволете Господ да зборува во вашата ситуација.
Што е вистинска љубов?
12 дена
Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.
Вера
12 дена
Дали гледањето значи верување? Или дали верувањето значи гледање? Ова се прашања поврзани со верата. Овој план ти нуди длабоко проучување на верата - започнувајќи од старозаветните раскази за реални луѓе кои покажале храбра вера во невозможни ситуации па сѐ до Исусовите поуки на оваа тема. Преку четивата, ќе бидеш охрабрен да го продлабочиш твојот меѓусебен однос со Бог и да станеш поверен Исусов следбеник.
Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвик
30 Дена
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.