Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 12:1

Не помирувај се со безбедното
3 дена
Доколку не се соочите со гласовите на несигурност, двоумење и страв, тие ќе го диктираат вашиот живот. Овие гласови не можете да ги стишите, ниту пак да ги игнорирате. Во овој тридневен план, Сара Џејкс Робертс ви покажува како да му се спротивставите на она од вашето минато што ве ограничува и како да ја прифатите нелагодноста за да станете несопирливи.
Учење на Духовна Дисциплина
4 дена
Во овој план, вие и вашите деца ќе истражувате четири духовни дисциплини: пост, медитацијa, проучување на Писмото и обожување. Ќе бидете охрабрени да имате искрени разговори за предизвиците на практикувањето на овие дисциплини и преку ангажирачки, умствено-провокативни активности, ќе почнете да ги гледате како привилегии, наместо како на задолженија. Секој ден вклучува кратка молитва, кратко читање и објаснување на Писмото, практични активности и прашања за дискусија.

Искусувајќи го Божјото обновување
5 дена
Тоа што сме нови созданија во Христос значи дека постојано се обновуваме преку Него. Бог ги обновува нашите срца, мисли и тело. Тој дури ја обновува и нашата цел. За време на овој 5 дневен план за читање на Библијата, ќе се задлабочиш повеќе во она што го кажува Божјото Слово за обновувањето. Секој ден ќе имаш по едно читање од Библијата и по една кратка побожност која ќе ти помогне да размислуваш за различните начини на кои ја доживуваме Божјата обнова. За повеќе содржини, оди на страницата finds.life.church