Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 1:3
Исчекор кон Целта
5 дена
Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме одговор на некои од овие прашања. Придружи се на неколку од нашите Ц3 студенти, кои ќе ни откријат некои детали на оваа тема.
Твојата најдобра инвестиција!
5 дена
Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење на Божјиот Збор. Почни овде за да си помогнеш во успешното читање, разбирање и применување секој ден. Преземено од книгата „Вон Овој Свет: Христијански водич за раст и цел“ од Дејвид Џ. Свандт.
Љубовта успорува
7 дена
Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој и брзањето со Божјата љубов во твојот живот.
Бојното поле на умот – Побожност
14 дена
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.