Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 6

Започни од тука | Првите чекори со Исус
15 дена
Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!

#ЧитајЖивеј: Марко
16 дена
#ЧитајЖивеј е повик на Евангелска црква Соулкрафт да го започнеш или да го продлабочиш твоето следбеништво на Исус Христос преку читање на Библијата и примена на прочитаното во твојот живот. Ако не ја читаш Библијата, ќе талкаш. Без да ја примениш, читањето ќе ти стане ритуално трошење време. Сакаме да ти помогнеме во двете, #ЧитајЖивеј. *Плановите за читање се погодни за индивидуално и за групно читање.