Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 7:8
Ти имаш молитва!
6 дена
Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот: христијански водич за раст и цел” од Дејвид Свандт.
Од овој ден натаму, од Крег и Ејми Грошел
7 дена
Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.
Потрагата
7 дена
Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.