Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 6:25
Наоѓање слобода од стрес
5 дена
Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.
Банкини: Одбегнување на разочарувањата во животот
5 дена
На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Што ако постоеја банкини во нашите врски, финансии и кариера? Како би изгледале тие? Како би можеле тие да нè спречат од нашите идни разочарувања? Во следните пет дена, ќе видиме како да си поставиме сопствени банкини во животот.
Бојното поле на умот – Побожност
14 дена
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.