Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 3:16
Божиќна приказна
5 дена
Во секоја добра приказна постои заплет—некој неочекуван момент што менува сè. Божиќната приказна претставува еден од таквите најголеми заплети во Библијата. Во текот на следните пет дена ќе го истражуваме тоа на кој начин овој единствен настан го смени светот и како може да го смени твојот живот уште денес.
Зошто Велигден?
5 дена
Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.
СВЕТЛИНАТА - Оживува преку Божјиот прекрасен Одсјај
5 дена
Секојдневно кога читаш, размислувај и примени го Божјиот Збор во твојот живот и ќе бидеш подобро опремен да ја препознаеш неприродната светлина на непријателот, да останеш на Божјиот осветлен пат и да светеш силно за Христос во твојот дом и заедница.
Во исчекување на Божиќ: 5 дневен план за Адвент
5 дена
Многу често, Божиќните празници поминуваат без да имаме шанса да се фокусираме на подготвување на нашите срца за дочек. Адвент е начин преку кој се потсетуваме дека Бог дојде на земјата за да биде помеѓу нас, Тој е со нас и повторно ќе дојде. Во наредните 5 дена ќе ги проучиме четирите теми за Адвент: надеж, мир, љубов и радост.
Зошто Бог ме сака?
5 дена
Прашања: Кога станува збор за Бог, сите имаме прашања. Со оглед на тоа што сме дел од култура во која има многу споредување, едно од најличните прашања кои можеме да ги поставиме е: „Зошто Бог ме сака?“ Или, можеби: „Како може да ме сака?“ Преку овој план, ќе се сретнеш со вкупно 26 пасуси од Светото Писмо - кои ја зборуваат вистината за Божјата безусловна љубов кон тебе.
Исус ме сака
7 дена
Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.
Живеј со сила и храброст!
8 дена
Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.