Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 14:6
Адамант со Лиза Бевере
6 дена
Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет.
Започнување на врска со Исус
7 дена
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
Недостаток на мир
7 дена
Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.
Подобар начин
7 дена
Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.
Библијата е жива
7 дена
Уште од почетокот на времето, Божјиот Збор активно ги обновува срцата и умовите - и Бог сѐ уште не завршил со ова. Ајде да ја прославиме оваа живото-преродбена моќ на Светото Писмо во овој специјален 7-дневен план, со тоа што ќе погледнеме подетално како Бог ја користи Библијата за да влијае врз историјата и за да ги промени животите низ целиот свет.
Освалд Чемберс: Мир - Живот во духот
30 Дена
„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.