Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 10:10
Пресврт од емоционалните проблеми
3 дена
Кога животот не е во согласност со Божјиот Збор, речиси секогаш ќе доживееш болни последици. Кога твоите емоции не се во ред и почнуваат да ја одредуваат твојата благосостојба, може да се најдеш затворен во себеси и од таа состојба е многу тешко да се избега. Треба да најдеш соодветна рамнотежа и да научиш како да му веруваш на Бог. Дозволи му на Тони Еванс да ти го покаже патот до емоционалната слобода.
Наоѓање слобода од стрес
5 дена
Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.
Драга Зависност...
5 дена
"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвета да ти послужи како утеха и да те инспирира во процесот на опоравување!
Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана Лајт
7 дена
Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи капакот над твоите способности, и ќе ти помогне да живееш живот во слобода и изобилие кој Бог го дизајнирал за тебе
Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвик
30 Дена
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.