Logo ya YouVersion
Elilingi ya Boluki

Псалми 7

7
ПСАЛМ 7
Молитва кон Бога, праведниот Судија
1Псалм на Давид,
што го пееше на Господ за зборовите на Хусиј, синот на Јеменеј.
2 # 10,1; 17,2; 30,1.15 Господи, Боже мој, на Тебе се надевав,
спаси ме од сите што ме гонат и избави ме,
3 # 9,29; 16,12; 21,13; 34,17; 49,22; 70,11; Јов 10,7; Ис 5,29 да не би некој да ја зграби душата моја како лав,
додека го нема оној што искупува и спасува.
4Господи, Боже мој, ако сум го сторил тоа –
ако има неправда во рацете мои,
5ако сум им возвратил со зло на тие што ми прават зло,
тогаш нека паднам беден пред непријателите мои,
6нека ја гони непријателот душата моја,
и нека ја стигне и мојот живот во земјата нека го згмечи,
а славата моја во прав да ја претвори.
7Воскресни, Господи, во гневот Свој,
возвиши се над меѓите на непријателите Твои;
воскресни, Господи, Боже мој,
во повелбата што си ја заповедал
8и собор од народи ќе се слее околу Тебе,
и заради нив врати се во височината.
9 # 9,8; 17,20; 25,1; 34,24; 42,1; 2 Цар 22,21; Ис 3,13 Господ ќе ги суди народите;
Господи, суди ми според правдата моја
и според незлобливоста која е во мене.
10 # 25,2; Ер 11,20; 16,10; 19,11; 1 Лет 28,9; Мудр 1,6; Откр 2,23 Нека престане веќе злобата на грешниците,
а Ти ќе го водиш праведниот,
Боже, Кој ги испитуваш срцата и утробите.
11Праведна е помошта од Бога за мене,
Кој ги спасува оние со чесно срце.
12Бог е Судија праведен, силен и долготрпелив,
и не се гневи секојдневно.
13 # 36,14; Ис 5,28 Ако не се одвратите,
мечот Свој Тој ќе го изостри:
Својот лак Тој го затегна
и го подготви.
14 # Ис 50,11 Па така, смртоносното оружје го спреми,
Своите стрели ги распали.
15 # Ис 59,4; Јов 15,35 Ете, се мачеше да роди неправда,
зачна болка и роди беззаконие.
16 # 9,15; 34,7-8; 56,6; Изреки 26,27 Отвори длапка и ја ископа,
но во јамата што ја направи самиот ќе падне.
17 # Јов 4,8; Изреки 5,22; 21,7; Ест 9,25; Сир 27,25-27; Гал 6,7-8 Болката негова врз неговата глава ќе се врати
и неправдата негова на темето ќе му слезе.
18Ќе Го прославам Господа за правдата Негова
и ќе му пеам на името на Господ Севишниот.

Currently Selected:

Псалми 7: MAK2024PS

Tya elembo

Share

Copy

None

Olingi kobomba makomi na yo wapi otye elembo na baapareyi na yo nyonso? Kota to mpe Komisa nkombo