Logo ya YouVersion
Elilingi ya Boluki

Матеј 13

13
ГЛАВА 13
1Откако излезе Исус тој ден од куќата, седна покрај морето.
2И се собра околу Него многу народ, така што Он влезе во кораб и седна, а целиот народ стоеше на брегот.
3И им говореше многу во параболи, велејќи:
Крај на четвртокот
(Зачало 50)
Ете,#Петок од петтата седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: Ете, излезе сејач да сее;
4и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.
5Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја и набргу проникнаа, оти земјата не беше длабока.
6Но, штом изгреа сонцето тие свенаа, па како немаа корен, се исушија.
7Некои паднаа во трње и израснаа трњето и ги задушија.
8Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет.
9Кој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на петокот
(Зачало 51)
10И откако се приближија до Него учениците, Му рекоа: – Зошто во параболи им зборуваш?
11 # Понеделник од шестата седмица по Педесетница: Во она време, кога се приближија кон Исуса учениците Негови и рекоа: Зошто во параболи му зборуваш на народот? А Он им одговори и рече: – Оти, вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12Зашто, кој има, ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има;
13затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не видат; слушаат и не чујат, ниту, пак, разбираат;
14и над нив се исполнува пророкувањето на Исаија, кое вели: „со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат, и со срцето да разберат, та да не се покајат и да не ги исцелам“.
16Вашите очи, пак, се блажени – оти гледаат, и ушите ваши – бидејќи слушаат;
17зашто, вистина ви велам: – многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.
18Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот:
19– при секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граби посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот.
20А посеаното на камен е оној, што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21ама нема во себе корен и е непостојан: настане ли жалост, или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
23А посеаното на добра земја е оној, што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а друг триесет.
Крај на понеделникот
(Зачало 52)
24И друга парабола им кажа, велејќи:#Вторник од шестата седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: Ова и на св. ангели. – Царството небесно прилега на човек, што посеал добро семе на својата нива;
25но кога спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеа меѓу житото какол, па си отиде;
26а кога изникна семето и донесе плод, тогаш се појави и каколот.
27И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: – Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде, пак, сега овој какол во неа?
28А тој им рече: – Човек непријател го направи тоа. Слугите, пак, му рекоа: – Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?
29Но, тој им рече: – Не, за да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито;
30оставете нека расте и едното и другото заедно, до жетва; а по жетвата, ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори; а житото приберете го во мојот амбар.
Крај на вторникот.
Изостави на св. ангели
(Зачало 53)
31И друга парабола им кажа, кога рече:#Среда од шестата седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: – Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зеде и посеа на нивата своја;
32тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите билки, па станува дури и дрво, така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки.
33И друга парабола им кажа: – Царството небесно прилега на квас што го зема жена и клава во три мери брашно, додека не скисне сето.
34Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;
35за да се исполни реченото преку пророкот, кој вели: „со параболи ќе ја отворам устата своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот“.
36Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа.
Крај на средата.
Читај на св. ангели.
(Зачало 54)
И#Четврток од шестата седмица по Педесетница: Во она време, кога влезе Исус во една куќа, пристапија до Него учениците Негови и рекоа: – Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата.
37А Он им одговори и рече: – Сејачот на доброто семе е Синот Човечки;
38нивата е овој свет; доброто семе, тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот;
39непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.
40И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет;
41ќе ги испрати Синот Човечки Своите ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство и оние, што прават беззаконие,
42и ќе ги фрлат во вжарена фурна; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
43Тогаш праведниците ќе светат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на четвртокот и на св. ангели
(Зачало 55)
44Царството#Петок од шестата седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: Царството Ова и за трети октомври, на св. Дионисиј. небесно прилега уште и на драгоценост сокриена во нива, која ја нашол човек и ја прикрил, па од радост за неа, отишол и продал сѐ што имал, и ја купил таа нива.
45Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46па штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има, и го купува.
47Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето, и уловува секакви риби;
48и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат.
49Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните,
50и ќе ги фрлат во вжарена фурна: таму ќе биде плач и крцкање со заби.
51И ги праша Исус: – Дали го разбравте сето тоа? Тие му одговорија: – Да, Господи!
52А Он им рече: – Затоа, секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште и ново и старо.
(Зачало 56)
53И кога заврши Исус со овие параболи, си замина оттаму.
54А штом дојде во татковината Своја, го#Понеделник од седмата седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во татковината Своја и го поучуваше народот во синагогите нивни,
Крај на петокот и на светителот
така што сите се чудеа и велеа: – Од каде при Него ваква премудрост и сили?
55Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му, не се вика ли Марија, и браќата Негови – Јаков и Јосиј, Симон и Јуда?
56И сестрите Негови, не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?
57И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: – Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.
58И не изврши таму многу чуда поради нивното неверување.
Крај на понеделникот

Currently Selected:

Матеј 13: MK2008

Tya elembo

Share

Copy

None

Olingi kobomba makomi na yo wapi otye elembo na baapareyi na yo nyonso? Kota to mpe Komisa nkombo