1
БИТИЕ 3:6
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше.
ប្រៀបធៀប
រុករក БИТИЕ 3:6
2
БИТИЕ 3:1
Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?“
រុករក БИТИЕ 3:1
3
БИТИЕ 3:15
Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата.“
រុករក БИТИЕ 3:15
4
БИТИЕ 3:16
А на жената ѝ рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.“
រុករក БИТИЕ 3:16
5
БИТИЕ 3:19
Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.“
រុករក БИТИЕ 3:19
6
БИТИЕ 3:17
А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!
រុករក БИТИЕ 3:17
7
БИТИЕ 3:11
Тогаш му рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од дрвото, за кое ти заповедав да не јадеш?“
រុករក БИТИЕ 3:11
8
БИТИЕ 3:24
И го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот.
រុករក БИТИЕ 3:24
9
БИТИЕ 3:20
Човекот ѝ го даде името Ева на својата жена, зашто таа стана мајка на сите живи.
រុករក БИТИЕ 3:20
គេហ៍
ព្រះគម្ពីរ
គម្រោងអាន
វីដេអូ