1
Битие 37:5
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Притоа Јосиф сони сон и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе.
比較
Битие 37:5で検索
2
Битие 37:3
А Израил го сакаше Јосиф повеќе од сите свои синови, зашто му се роди на стари години; и му направи шарена облека.
Битие 37:3で検索
3
Битие 37:4
А браќата, гледајќи дека таткото нивни го сака многу повеќе од сите свои синови, го замразија, така што не можеа со него да зборуваат љубезно.
Битие 37:4で検索
4
Битие 37:9
Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа и на браќата свои, велејќи: „Сонив уште еден сон, а тоа – сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа.“
Битие 37:9で検索
5
Битие 37:11
И му позавидоа браќата негови; но татко му ги запомни тие зборови.
Битие 37:11で検索
6
Битие 37:6-7
И им рече: „Чујте го сонот што го сонив: врзуваме снопје во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“
Битие 37:6-7で検索
7
Битие 37:20
Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ќе речеме: крвожеден ѕвер го изеде. Тогаш ќе видиме што ќе стане од неговите соништа!“
Битие 37:20で検索
8
Битие 37:28
Па кога мидјанските трговци минуваа покрај нив, тие го извадија Јосиф од јамата и им го продадоа на Исмаилците за дваесет парчиња сребро; а овие го одведоа Јосиф во Египет.
Битие 37:28で検索
9
Битие 37:19
И си рекоа помеѓу себе: „Ене го доаѓа, оној што сонува!
Битие 37:19で検索
10
Битие 37:18
А тие го видоа оддалеку; и, пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.
Битие 37:18で検索
11
Битие 37:22
И уште им рече Рувим: „Крв да не пролевате; фрлете го во една од јамите во пустината, но не кревајте рака на него.“ А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го врати кај татко му.
Битие 37:22で検索
ホーム
聖書
読書プラン
ビデオ