Матеј 8
8
Исус исцелува лепрозен
(Мк 1,40-45; Лк 5,12-16)
1А кога слезе од гората, по Него врвеше многу народ. 2#10,8; 3 Мојс 13–14; Мк 1,40И ете, се приближи еден лепрозен, падна ничкум пред Него и говореше: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 3#4 Цар 5,13-14А Исус ја испружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. 4#9,30; 12,16; 17,9; 3 Мојс 14,1-32; Мк 1,34.44; Лк 5,14; 17,14И Исус му рече: „Гледај никому да не кажеш; туку отиди, покажи му се на свештеникот и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, за ним да им се посведочи.“
Верата на еден стотник
(Лк 7,1-10; Јн 4,43-54)
5А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник#8,5 стотник т.е. центурион, римски офицер. и Го молеше говорејќи: 6„Господи, мојот слуга лежи дома неподвижен и многу страда.“ 7Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.“ 8#Пс 106,20А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; 9зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ’Отиди!‘ и тој оди; на друг: ’Дојди!‘ и тој доаѓа; и на мојот слуга: ’Направи тоа!‘ и тој прави.“ 10#8,1.26; 9,2.22; 15,28; 17,20; 21,21.25.32; 28,17; Мк 1,15; 16,11-14.16; Лк 8,12; 18,8; 24,11; Јн 3,12; Дела 3,16; Рим 1,16Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ниту во Израил не најдов толкава вера. 11#Лк 13,29И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на трпеза со Авраам, Исак и Јаков во царството небесно, 12#22,13; 24,51; 25,30; Лк 13,28а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ 13#9,29; 15,28; Јн 4,52-53И Исус му рече на стотникот: „Оди си, и нека ти биде според твојата вера!“ И неговиот слуга оздраве во истиот час.
Исус лекува мнозина
(Мк 1,29-34; Лк 4,38-41)
14 #
Јн 4,52; Дела 28,8 Кога Исус дојде во домот на Петар, ја виде Петровата тешта како лежи болна со треска, 15#9,25; Мк 9,27па ја допре за раката и треската ѝ помина; и таа стана и Му служеше. 16#4,24; Мк 1,32.34; 1 Сол 2,13; Евр 4,12А кога се стемни, кај Него доведоа мнозина опседнати од демони, и Тој со збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни, 17#Ис 53,4; Јн 1,29; 1 Птр 2,24за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите немоќи и ги понесе нашите болести.“
Колебливи следбеници
(Лк 9,57-62)
18 #
Мк 4,35-36
Кога Исус виде многу народ околу Себе, им заповеда на учениците да минат на другата страна. 19И откако пристапи до Исус еден книжник, Му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ 20#9,6; 10,23; 11,19; 12,8.32.40; 16,13.27-28; 17,9.12.22; 20,18.28; 24,27.30.37.39.44; 25,31; 26,2.24.45.64; Ез 2,1; Пс 83,3; Дан 7,13; Мк 2,10.28; Лк 6,22; 19,10; 22,48; Јн 1,51; 3,13-14; 6,53.62; 12,23.34; Дела 7,56; 2 Кор 8,9; Откр 1,13; 14,14А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“ 21#4,22; 10,37; 1 Мојс 50,5; 3 Цар 19,20; Тов 4,3Друг, пак, од Неговите ученици, Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“ 22#Мк 2,14; Јн 1,43Но Исус му рече: „Врви по мене и остави мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“
Исус смирува бура
(Мк 4,35-41; Лк 8,22-25)
23И кога влезе во коработ, по Него влегоа и Неговите ученици. 24#Јона 1,4И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше. 25Тогаш учениците пријдоа до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ 26#Пс 64,7; 89,10; Мк 1,25; 9,25; Лк 4,39А Тој им рече: „Зошто сте плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина. 27#16,13; Мк 1,27А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“
Исус ослободува од демони
(Мк 5,1-20; Лк 8,26-39)
28И кога пристигна на другата страна, во Гергесинската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегуваа од гробовите. Тие беа толку опасни, што никој не можеше да мине по тој пат. 29#3 Цар 17,18; Мк 1,23-24; Откр 13,6-7И ете, гласно извикаа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“ 30А далеку од нив пасеше големо стадо свињи. 31И демоните Го молеа, говорејќи: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да влеземе во стадоно свињи!“ 32И Тој им рече: „Отидете!“ И тие, откако излегоа, влегоа во стадото свињи. И ете, целото стадо свињи јурна низ стрмнината во морето и се издави во водата. 33А свињарите побегнаа и, кога дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа што се беше случило со демоноопседнатите. 34#Дела 16,39И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исус и кога Го видоа, Го замолија да си замине од нивните краишта.
Tällä hetkellä valittuna:
Матеј 8: MAK2023
Korostus
Jaa
Kopioi
Haluatko, että korostuksesi tallennetaan kaikille laitteillesi? Rekisteröidy tai kirjaudu sisään
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023