Кога постите, не бидете натажени како лицемерите; зашто тие си ги изобличуваат лицата за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. А ти, кога постиш, помажи си ја главата и измиј си го лицето, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, што е во тајност; и твојот Отец, што гледа во тајност, ќе те награди јавно.