Матеј 10

10
Дванаесетте апостоли
(Мк 3,13-19; Лк 6,12-16)
1 # 8,29; Мк 1,34; 3,13.15; 6,7; Лк 9,1 И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ. 2#4,18.21; Мк 1,16; Лк 9,54; Јн 1,40-42; Дела 1,13.26; Откр 21,14А имињата на дванаесеттемина апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и брат му Андреј; Јаков Зеведеев и брат му Јован; 3#9,9; Мк 2,14; Јн 1,43-46.48; 6,5.7; 12,21-22; 14,5.8-9; 20,24-28Филип и Вартоломеј; Тома и Матеј, даночникот; Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј; 4#26,14; Јн 6,71; 12,4; 13,2.26; 18,2.5Симеон Кананит и Јуда Искари­отски, кој и Го предаде.
Мисијата на апостолите
(Мк 6,7-13; Лк 9,1-6)
5 # Лк 9,52-53; 10,30-37; Јн 4,9.40; 17,3.18; Дела 1,8 Овие дванаесетмина ги испрати Исус и им заповеда, велејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; 6#15,24; Ер 50,6а одете најнапред кај загубените овци на Израилевиот дом. 7#3,2И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; 8#Ис 55,1; Лк 10,9; Дела 8,20болни лекувајте, мртви воскреснувајте, лепрозни очисту­вај­те, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бес­платно давајте! 9#Мк 6,8; Лк 9,3; 10,4Во вашите појаси не носете ниту злато, ниту сребро, ниту бакар, 10#4 Мојс 18,31; 5 Мојс 24,14-15; Лк 10,7; 1 Кор 9,14; 1 Тим 5,18ниту торба за пат, ниту две облеки, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата храна! 11#Мк 6,10А штом ќе влезете во некој град или село, распрашајте се кој е во него достоен и таму останете додека не си отидете. 12#Лк 10,5-6И, кога ќе влезете во домот, поздравете го. 13И ако домот биде достоен, вашиот мир ќе дојде на него; а ако не е достоен, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас! 14#Мк 6,11; Лк 9,5; 10,10-11; Дела 13,50-51Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша вашите зборови, излезете од тој дом или од тој град и истресете го правот од вашите нозе! 15#11,23-24; 1 Мојс 18–19; Лк 10,12; 17,29; Рим 9,29; 2 Птр 2,6; Јуда 1,7Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на содомската и гоморската земја во судниот ден, отколку на тој град!“
За прогонствата
(Мк 13,9-13; Лк 12,11-12; 21,12-17)
16 # Лк 10,3; Јн 10,12; Дела 20,29 „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и не­злобни како гулаби. 17Пазете се од луѓето, зашто ќе ве предадат на судовите и по нивните синагоги ќе ве камшикуваат. 18#24,14; Пс 118,46; Јн 15,27; 16,1-4И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за сведоштво пред нив и пред незнабошците. 19#2 Мојс 4,10-12; Ер 1,6-10; Лк 12,11-12; Дела 4,8.31А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете. 20#2 Цар 23,2; Јн 15,26Бидејќи нема да говорите вие, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас. 21#Мих 7,6И брат ќе предаде брат на смрт и татко – своето чедо; и ќе се дигнат чеда против своите родители и ќе ги убијат; 22#24,9.13; Јн 15,18.21.25и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен. 23#8,20; 16,28Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови пред да дојде Синот Човечки. 24#Лк 6,40; Јн 13,16; 15,20Ученикот не е поголем од својот учител, ниту слугата е поголем од својот господар. 25#9,34; 12,24.27; 4 Цар 1,2Доволно му е на ученикот да биде како својот учител, а за слугата – како својот господар. Ако домаќинот на домот го нарекле Велзевул, тогаш колку ли повеќе неговите домашни!?“
Не плашете се!
(Лк 12,2-7)
26 # Мк 4,22; Лк 8,17 „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно што нема да се дознае. 27#Лк 12,3-4Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите! 28#5,29-30; Јк 4,12; 1 Птр 3,14; Откр 2,10И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној што може и душата и телото да ги погуби во пеколот! 29Не се продаваат ли две врапчиња за еден асариј? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. 30#6,26; Лк 12,24; 21,18; Дела 27,34А вам и влакната на главата ви се изброени. 31Но не плашете се: вие повеќе вредите од многу врапчиња.“
Јавно признавање на Исус
(Лк 12,8-9)
32 # 1 Цар 2,30 # Откр 3,5 „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, и Јас ќе го признаам него пред Мојот Отец, Кој е на небесата. 33#Мк 8,38; Лк 9,26; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец, Кој е на небесата.“
Не мир, туку меч
(Лк 12,51-53; 14,26-27)
34 # Лк 2,34; 12,51 „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. 35#Мих 7,6#Мк 13,12Зашто дојдов да разделам човек од неговиот татко, ќерка од нејзината мајка и снаа од нејзината свекрва. 36И непријатели на човекот ќе му бидат неговите домашни.
Како да се биде достоен за Исус
(Мк 8,34-35; Лк 14,26-27; 9,23-24)
37 # 10,37; 19,19; 22,37-39; 5 Мојс 33,9 Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; 38#16,24; Лк 9,23и кој не го земе својот крст и не оди по Мене, не е достоен за Мене. 39#16,25; Лк 9,24; 17,33; Јн 12,25Кој си го чува својот живот, ќе го загуби, а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде.“
Наградување
(Мк 9,37.41; Лк 9,48; 10,16; Јн 13,20)
40 # 18,5; Лк 9,48; 10,16; Јн 12,44-45; 13,20; 1 Сол 2,13 „Кој ве прима вас, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил. 41#3 Цар 17,9-24Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда. 42#18,5.10; 25,40; Мк 9,41И кој ќе напои еден од овие безначајни само со чаша студена вода затоа што е Мој ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“

انتخاب شده:

Матеј 10: MAK2023

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید