Maтеј 1
1
1Извештај за родословието на Исус, Месијата потомок на царот Давид, кој, пак, е потомок на Авраам:
2Од Авраам се роди Исак, од Исак се роди Јаков, од Јаков се родија Јуда и неговите браќа,
3од Јуда и жена му Тамара се родија Перец и Зера, од Перец се роди Хецрон, од Хецрон се роди Рам,
4од Рам се роди Аминадав, од Аминадав се роди Нашон, од Нашон се роди Салмон,
5од Салмон и жена му Рахав се роди Боаз, од Боаз и жена му Рута се роди Овед, од Овед се роди Јишај,
6од Јишај се роди царот Давид. Од Давид и поранешната жена на Урија се роди Соломон,
7од Соломон се роди Рехавам, од Рехавам се роди Авија, од Авија се роди Асаф,
8од Асаф се роди Јехошафат, од Јехошафат се роди Јорам, од Јорам се роди Узија,
9од Узија се роди Јотам, од Јотам се роди Ахаз, од Ахаз се роди Езекија,
10од Езекија се роди Манаше, од Манаше се роди Амос, од Амос се роди Јошијаху,
11од Јошијаху се родија Јаканјаху и неговите браќа, за време на прогонството во Вавилон.
12По прогонството во Вавилон, од Јаканјаху се роди Шеалтиел, од Шеалтиел се роди Зерубавел,
13од Зерубавел се роди Авихуд, од Авихуд се роди Елијаким, од Елијаким се роди Азур,
14од Азур се роди Цадок, од Цадок се роди Јакин, од Јакин се роди Елихуд,
15од Елихуд се роди Елазар, од Елазар се роди Матан, од Матан се роди Јаков,
16од Јаков се роди Јосиф сопругот на Марија од којашто се роди Исус, наречен Месијата.
17Тоа се вкупно четиринаесет поколенија од Авраам до Давид, четиринаесет поколенија од Давид до прогонството во Вавилон и четиринаесет поколенија од прогонството во Вавилон до Месијата.
18А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете.
19Тогаш нејзиниот свршеник Јосиф, кој беше праведен човек и не сакаше јавно да ја посрами, реши во тајност да ја остави.
20Но токму кога науми да го стори тоа, насон му се јави ангел Господов и му рече: „Јосифе, чедо Давидово, не плаши се да ја земеш Марија за жена, зашто Детето зачнато во неа е од Светиот Дух.
21Таа ќе роди Син на кој ќе Му дадеш име Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“
22А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија:
23„Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“
24Кога стана од спиење, Јосиф постапи така како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за своја жена.
25Но Јосиф ја запази Марија како девица, си додека таа не роди Син, на кој тој Му даде име Исус.
Dewis Presennol:
Maтеј 1: MNT
Uwcholeuo
Rhanna
Copi
Eisiau i'th uchafbwyntiau gael eu cadw ar draws dy holl ddyfeisiau? Cofrestra neu mewngofnoda
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.