1
Битие 1:26-27
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
Потоа рече Бог: »Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!« И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
Porovnat
Zkoumat Битие 1:26-27
2
Битие 1:28
И ги благослови Бог, и им рече: »Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата.«
Zkoumat Битие 1:28
3
Битие 1:1
Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
Zkoumat Битие 1:1
4
Битие 1:2
Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.
Zkoumat Битие 1:2
5
Битие 1:3
И рече Бог: »Нека биде светлина!« И би светлина.
Zkoumat Битие 1:3
6
Битие 1:31
И виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал. И би вечер, и би утро – ден шести.
Zkoumat Битие 1:31
7
Битие 1:4
И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината.
Zkoumat Битие 1:4
8
Битие 1:29
И рече Бог: »Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
Zkoumat Битие 1:29
9
Битие 1:5
И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И би вечер, и би утро – ден први.
Zkoumat Битие 1:5
10
Битие 1:6
Потоа рече Бог: »Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!«
Zkoumat Битие 1:6
11
Битие 1:30
А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сѐ што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.« Така и стана.
Zkoumat Битие 1:30
12
Битие 1:14
Потоа рече Бог: »Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат замјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините
Zkoumat Битие 1:14
13
Битие 1:11
И пак рече Бог: »Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!« И стана така.
Zkoumat Битие 1:11
14
Битие 1:7
И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана.
Zkoumat Битие 1:7
15
Битие 1:12
И пушти земјата од себе зеленило: трева што дава семе според својот род и вид, а и дрво плодородно што раѓа плод, и чие семе е според нивниот род на земјата. И виде Бог дека е добро.
Zkoumat Битие 1:12
16
Битие 1:16
И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди
Zkoumat Битие 1:16
17
Битие 1:9-10
И рече Бог: »Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!« И стана така. И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека е добро.
Zkoumat Битие 1:9-10
18
Битие 1:22
И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека да се множат на земјата.
Zkoumat Битие 1:22
19
Битие 1:24
Пак рече Бог: »Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!« И би така.
Zkoumat Битие 1:24
20
Битие 1:20
Потоа рече Бог: »Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!« И би така.
Zkoumat Битие 1:20
21
Битие 1:25
И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
Zkoumat Битие 1:25
Domů
Bible
Plány
Videa