Марко 10:6-8
Марко 10:6-8 MNT
Во почетокот Бог создаде маж и жена. При стапување во брак човекот се одвојува од својот татко и од својата мајка и се присоединува кон својата жена. Тогаш двајцата стануваат едно тело. Значи, тие не се повеќе две тела, туку едно тело.