БИТИЕ 6:1-4
БИТИЕ 6:1-4 MKB
Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки, Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа. Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.“ Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.