YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 2:6-16

Римјаните 2:6-16 MK1990

Кој секому ќе му даде според неговите дела: живот вечен на оние, кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност; јарост, пак, и гнев на оние, што ѝ упорствуваат на вистината, а се покоруваат на неправдата. Мака и тага на секоја душа човечка, која прави зло, а најнапред на Јудеец, потоа и на Елин. Слава и чест и мир на секого, што прави добро, прво на Јудеец, а потоа и на Елин; зашто Бог не гледа на лице. Оние, што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние, што згрешиле при Закон, според Законот ќе бидат и судени, бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот; зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сѐ по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон; поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.

Free Reading Plans and Devotionals related to Римјаните 2:6-16