YouVersion Logo
Search Icon

Исход 10:21-23

Исход 10:21-23 MK1990

И му рече Господ на Мојсеја: »Крени ја сега раката своја кон небото, и ќе биде густа темнина по земјата Египетска, таква што дури опиплива ќе биде.« И Мојсеј ја подигна раката свој кон небото, и настана густа темнина, мрак и бура по целата земја египетска, која потраја цели три дена. Луѓето не се гледаа еден со друг три дена, и никој не се поместуваше од постелата своја три дена. Но по местата, каде што живееја синовите Израилеви, имаше виделина.