YouVersion Logo
Search Icon

2. Тимотеја 4

4
Храбрење на верност во проповедањето. Павловата борба и венецот. Гласови, заповеди и поздрави.
1И така, те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Он и Неговото царство:
2проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, изобличувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.
3Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;
4тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки.
5Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на евангелист, службата своја исполнувај ја добро!
6Зашто јас веќе станувам жртва, а времето на моето одење настапи.
7Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив;
8понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото доаѓање.
9Погрижи се да дојдеш при мене скоро!
10Оти Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет, и отиде во Солун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене.
11Земи го Марка и доведи го со себеси, оти ми е нужен во службата!
12А Тихика го пратив во Ефес.
13Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката, што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.
14Ковачот Александар ми направи големо зло. Нека му врати Господ според делата негови!
15Од него пази се и ти, бидејќи тој необично многу се воспротиви на нашите зборови!
16При мојата прва одбрана никого немаше при мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!
17Но Господ беше со мене и ме укрепи, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на лавот.
18Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во веки веков. Амин!
19Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.
20Ераст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милет.
21Побрзај да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клаудија и сите браќа.
22Господ Исус Христос нека е со твојот дух! Благодат на сите вас. Амин!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in