Лука 1
1
Предговор и посвета
1Бидејќи мнозина се обидоа да пишуваат за настаните што се случија меѓу нас, 2#Јн 15,27; Дела 4,31; 11,1; Евр 2,3; 1 Јн 1,1како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото, 3#Дела 1,1намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, 4#Јн 20,31за да ја препознаеш веродостојноста на учењето, на кое си се учел.
Ангел го објавува раѓањето на Јован Крстител
5 #
1 Лет 24,10
Во деновите на Ирод, царот јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета. 6И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови беспрекорно. 7#1 Мојс 11,30; 18,11; 29,31; Суд 13,2-3; 1 Сам 1,5Тие немаа деца, зашто Елисавета беше неротка; а обајцата беа веќе на поодминати години. 8#1 Лет 23,13Еднаш, додека тој по редот на својот свештенички чин служеше пред Бога, 9#2 Мојс 30,7според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади. 10#1,21За време на кадењето целиот народ се молеше надвор. 11#2,9; 1 Цар 6,20-21; 7,48; Мт 1,20; Дела 5,19Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. 12#2,9; 9,34; 24,5.37; Суд 6,22; 13,20.22; Дан 8,17-18; Дела 2,43Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. 13#1 Мојс 17,19; Суд 13,3.5; Ис 7,14; Дан 10,12; Мт 28,5Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е услишена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован. 14И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото раѓање. 15#1,41-44; 7,33; 3 Мојс 10,9; 4 Мојс 6,3; Суд 13,4-5; 13,7.14; Ис 49,1.5; Ер 1,5; Гал 1,15Зашто тој ќе биде голем пред Господ и нема да пие вино ни жесток пијалак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; 16#Мал 2,6и многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; 17#Ис 40,3; Мал 3,24; Мт 11,14и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорните кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“ 18#1,34; 1 Мојс 15,8; 18,11И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“ 19#2,10; 4,18; Дан 8,16; 9,21; Мк 1,1Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радосна вест; 20#1,45; Ез 3,26; Мт 8,10и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“ 21Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се забави во храмот. 22А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал видение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем. 23И штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома. 24По тоа време зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: 25#1 Мојс 30,23; Ис 4,1„Така ми направи Господ во деновите кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.“
Ангел Господов го објавува скорото Исусово раѓање
26 #
Јн 1,46
А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, 27#2,4-5; Мт 1,18кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. 28#1 Мојс 26,24; 2 Мојс 3,12; Суд 6,12; Ер 1,8.19; 15,20; Соф 3,14; Зах 2,14; Рута 2,4И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“ 29А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. 30#1,13; 1 Мојс 6,8И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; 31#1 Мојс 16,11; Суд 13,5; Ис 7,14; Мт 1,21-23и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. 32#2 Сам 7,14; Ис 9,6; Пс 2,7; 89,27; Мт 9,27; Дела 7,48; 16,17; Евр 7,1Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; 33#Мих 4,7; Дан 2,44; 7,14и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ 34#Суд 11,39; Мт 1,18-20А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ 35#Мт 1,20; Мк 1,24; Дела 3,14Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. 36#3,22; 9,35; 1 Мојс 21,2; 24,36; Мт 14,33; Мк 1,1Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; 37#1 Мојс 18,14зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“ 38#1 Сам 25,41; Рута 3,9Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.
Марија во посета кај Елисавета
39А Марија стана во тие дни и поита во ридскиот крај, во градот Јудин; 40па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. 41#1,15Штом го слушна Елисавета поздравот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, 42#5 Мојс 28,4; Суд 5,24па извика гласно и рече: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! 43И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? 44Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја. 45#1,20; Мт 5,3; Јн 20,29; Евр 11,11И блажена е таа која поверува, зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.“ 46И рече Марија: „Мојата душа Го велича Господа, 47#1 Сам 2,1-10; Ис 61,10; Авак 3,18; 1 Тим 2,3; Јуда 1,25и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, 48#11,27; 1 Мојс 30,13; 1 Сам 1,11зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија; 49#Соф 3,17; Пс 89,8; 111,9зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; 50#2 Мојс 20,6; Пс 103,13.17и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него. 51#2 Сам 22,28; Пс 89,10Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои; 52#Јов 5,11; 12,19ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените; 53#1 Сам 2,5; Пс 107,9гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни; 54#Ис 41,8-9; Пс 98,3го прифати Израел, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, 55#1,72; 1 Мојс 12,3; 8,1; 9,15; 13,15; 17,7; 22,17; 2 Мојс 2,24; Мих 7,20; Гал 3,16како што им зборуваше на татковците наши, на Авраам и на семето негово довека.“ 56И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
Раѓањето и обрезанието на Јован Крстител
57А на Елисавета ѝ дојде времето да роди и таа роди син. 58#1,14; 1 Мојс 19,19Кога слушнаа оние што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја удостоил Господ со Својата милост, се радуваа со неа. 59#1 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Фил 3,5На осмиот ден дојдоа да го обрезат новороденчето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија. 60Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“ 61Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“ 62И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат. 63#1,13; 8,25; 9,43; 24,12.41; Дела 2,7; 3,10Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија. 64И уште во истиот миг му се отвори устата и му се одврза јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога. 65#1,12; Дела 2,43И ги обзеде страв сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски. 66#1 Цар 18,46; Ис 53,1; Пс 80,17; 139,5Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со него.
Благодарствената пророчка песна на пророкот Захарија
67А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: 68#2,38; 7,16; 19,44; 21,28; 2 Мојс 3,16; Ис 63,4; Ер 29,10; Пс 41,13; 72,18; 106,4.48; 111,9; 1 Птр 1,3„Благословен да е Господ, Бог Израелов, зашто го посети и го избави народот Свој; 69#Пс 18,2; 89,25; 132,17; Мт 1,1и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга; 70како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци, 71#2 Сам 22,18; Пс 106,10дека ќе нѐ избави од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат; 72#1 Мојс 17,7; 3 Мојс 26,42; Мих 7,20; Пс 105,8-9; 106,45-46за да ја пројави Својата милост над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој, 73#1 Сам 12,10#1 Мојс 22,16-17; 26,3; Ер 11,5на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко; 74дека ќе ни даде, штом нѐ избави од непријателите наши, 75#Тит 2,12без страв да Му служиме, во светост и правда пред Него, преку целиот наш живот. 76#1,16-17; Ис 40,3; Мал 3,1; Мт 3,3А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му ги приготвиш патиштата Негови; 77#Мт 26,28; Мк 1,4и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку проштевање на гревовите нивни, 78#Мал 3,20заради големото милосрдие на нашиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините, 79#2,14.29; 8,48; 10,5-6; 19,38.42; 24,36; Ис 9,1; 42,7; 60,1-2; Ер 6,14; Мих 5,4; Мт 4,16; Јн 8,12за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“ 80#2,40; 1 Мојс 21,8; 1 Сам 2,21.26; Мт 3,1А детето растеше и крепнеше со духот; и живееше во пустина до денот кога им се јави на Израелците.
Currently Selected:
Лука 1: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006