YouVersion Logo
Search Icon

Јов 2:11-13

Јов 2:11-13 MK2006

Слушнаа тројцата пријатели Јово­ви за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат. И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои. И седеа со него на земјата седум дена и седум ноќи: никој ни збор не му проговори, бидејќи гледаа дека стра­дањето му беше многу големо.